Загина Тоше Проески

View previous topic View next topic Go down

Загина Тоше Проески

Post  Tanes on Tue Oct 16, 2007 1:48 pm

Загина Тоше Проески

Македонската мега ѕвезда Тоше Проески утринава загина во сообраќајна несреќа во Хрватска. Според хрватските медиуми несреќата се случила утрово во 6 часот и 30 минути на патот кај границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.

Тоше Проески не возел туку бил на совозачкото седиште. Тоше бил во Хрватска за да гостува на телевизиско шоу и да снима спот.

„Она што засега го знаеме е дека е неформално и дека Тоше Проески загинал околу 6 часот. Тоше Проески се возел од Србија кон Загреб кога неговиот автомобил „Туарег“ со македонски регистарски таблички удрил со предниот десен крај во задниот лев дел од камион со италијански таблички. Тоше Проески седел, односно спиел на совозачкото седиште и загинал затоа што автомобилот некако се подвлекол под приколката. На местото на несреќата веднаш е повикана и противпожарна служба, но за жал го извлекле Тоше мртов. Во болницата во Нова Градишка во мртовечницата се наоѓа мртвото тело на Тоше“, јави за А1 Антонија Мандиќ, репортер на РТЛ Хрватска.

„Неговата менаџерка има полесни телесни повреди, по прегледот е префрлена во друга болничка зграда, таа има полесни телесни повреди, додека возачот само знаеме дека е државјанин на Република Македонија, роден 1975 година и има потешки телесни повреди, има потрес на мозокот и ќе биде задржан неколку дена во болницата. Засега не се знае дали имал алкохол во Прилеп во крвта, се претпоставува дека заспал со оглед на тоа дека тој, Тоше и Лилјана тргнале после полноќ од Србија. Како што дознавме, неформално, телото уште денеска ќе биде во болницата, но се ќе се забрза за да може телото да се префрли во Македонија“, додаде Мандиќ.

Хрватското МВР ја потврди несреќата. Иако не сакаа да соопштат имиња, тие потврдија дека џип „Туарег“ со македонски таблици удрил во камион. На самото место починал 26-годишниот Тоше Проески.

„Утринава во шест часот и 25 минути на автопатот кај Нова Градишка, 170 километри оддалечено од Загреб се случи сообраќајна несреќа. 32-годишен државјанин на Република Македонија управувал со автомобил марка „Туарег“ со македонски регистарски таблички. Во истото возило се наоѓале 26-годишно момче и 49-годишна жена, исто така државјани на РМ. Најверојатно поради непочитување на сообраќајните прописи, односно недоволна оддалеченост од возилото, автомобилот удрил во задниот дел во приколката на товарен камион со италијански регистарски таблички. Во несреќата, за жал, загина 26-годишното момче државјанин на РМ, а сопатниците во возилото со телесни повреди, се пренесени во болницата во Нова Градишка“, изјави портпарол на МВР во Хрватска.



Владата на Република Македонија на денешната седница ќе го прогласи 17 октомври среда, за ден на жалост, поради загинувањето на Тоше Проески.

Премиерот Никола Груевски ги задолжи Министерството за надворешни работи и Државниот протокол заедно со семејството на Проески да ги организира сите детали околу преносот на посмртните останки на Тоше.

Воедно, премиерот Груевски упати телеграма со сочувство до семејството на Тоше Проески.

Владата најави дека на денот на погребот ќе одржи комеморативна седница, а се понуди и да ја организира погребната церемонија.

Македонија тагува. Загуби едно од своите најголеми добра и своето најмило чедо. Тоше Проески беше во срцата на многумина.

Tanes
Admince
Admince

Posts : 3
Join date : 2007-10-14

View user profile

Back to top Go down

Re: Загина Тоше Проески

Post  _Stef_ on Tue Oct 16, 2007 1:58 pm

абе дај некој линк за да го спуштам фонтот неможе вака.

_Stef_
Moderator
Moderator

Posts : 44
Join date : 2007-10-16
Age : 24
Location : Охрид

View user profile

Back to top Go down

Re: Загина Тоше Проески

Post  Alexi on Tue Oct 16, 2007 1:58 pm

Jas ke ti napram ne grizi se

Alexi
Admin
Admin

Posts : 38
Join date : 2007-10-13
Location : Republika Makedonija

View user profile

Back to top Go down

Re: Загина Тоше Проески

Post  _Stef_ on Tue Oct 16, 2007 2:01 pm

Ееех така да може да се читне

_Stef_
Moderator
Moderator

Posts : 44
Join date : 2007-10-16
Age : 24
Location : Охрид

View user profile

Back to top Go down

Re: Загина Тоше Проески

Post  BountyHunter on Tue Oct 16, 2007 10:08 pm

abe daj kazi so da pram i jas. vaka ne mozit.

Edit:
taka sega se citat.

_________________
Games don't make people violent, lag does!!!

BountyHunter
Admince
Admince

Posts : 20
Join date : 2007-10-16
Age : 24
Location : Ohrid.Macedonia

View user profile http://macedonia.azurforum.com

Back to top Go down

Re: Загина Тоше Проески

Post  Tito on Mon Oct 22, 2007 8:20 pm

Steta za negovite obozavateli, leka mu zemja.

Tito
Admin
Admin

Posts : 33
Join date : 2007-10-14
Age : 25
Location : Strumica

View user profile

Back to top Go down

batka

Post  mk-info on Fri Aug 21, 2009 10:29 pm

_Stef_ wrote:абе дај некој линк за да го спуштам фонтот неможе вака.
batka neams kirilica zato ti etaka aj zacleni se ovd i ce najdes sve ... http://www.mk-info.co.cc http://www.mk-info.co.cc http://www.mk-info.co.cc http://www.mk-info.co.cc makedonski forum..

mk-info
User
User

Posts : 12
Join date : 2009-08-21

View user profile

Back to top Go down

Re: Загина Тоше Проески

Post  Sponsored content Today at 9:16 am


Sponsored content


Back to top Go down

View previous topic View next topic Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum